Згружуванје на отпадот Демонтираље на вагоните Преработка









Scholz-групацијата важи за специјалист во логистиката. Важен дел на нашата работа претствува децентрализираното собирање на стоката. Собирањето во најголема мера се врши со контејнери на самото место каде што настанало, како и во малите децентрализитани локации за собирање. Така собраната стока, пак, се транспортира до најблиските центри за рециклажа во округот на Scholz-групацијата. Потоа се даваат на понатамошна преработка, се сортираат и индустриски се преработуваат со ножици, шредер-машини или преси. На росполагање се големи хидраулични ножици, кршачи, големи преси и шредер-машини. Тоа значи дека на овој начин е обезбедена квалитетна преработка на собраниот челичен и метален отпад, кој би им се испорачал како суровина на железарниците и на топилниците. На крајот следува транспорт од некои центри до најблискиот преработувач, најчесто преку железници или баржи.

Собирањето на отпадните метали и на старото железо почнува значи од нашите доставувачи, кои од нас бесплатно добиваат контејнери на користење. Ние нудиме приспособливи решенија (големи и мали контењери) за користење на самото место. На нашите клиенти им се на располагање разновидни услуги што се однесува до контејнерските системи. Носењето на металниот отпад е во точно договорено време и во согласност со користење на соптвениот возен парк.

 

Покрај тоа, ви нудиме стручни и технолошко приспособени решенија во областа на згрижување на отпадот. Ова го гарантираме со примена на најсовремена техника, квалификувани соработници и извонредна инфраструктура.