1872:
|
|
Паул Шолц, прадедо на денешниот шеф на фирмата Berndt-Ulrich Scholz, основа во Лигница, Долна Шлезија, погон за сортирање суровини на големо. |
|
|
1908: |
|
Херман Шолц, зет на Паул Шолц, во местото Лубен, во Долна Шлезија, отвора втор погон за преработка на метален отпад и сортирање. Неговиот син Карл-Хајнц Шолц го учи занаетот во оваа фирма од самиот почеток. |
|
|
1936: |
|
Карл-Хајн Шолц во местото Глогау, во Долна Шлезија, ја основал фирмата Berndt-Ulrich Scholz, за метален отпад и метали. Пред тоа веќе стекнал десетгодишно искуство во оваа бранша.. |
|
|
1939-1945: |
|
Игмард Шолц, до 1992 единствен член на командитното друштво C.-H. Scholz KG, води погон за преработка метален отпад во Глогау наместо нејзиниот сопруг кој бил мобилизиран. Во јануари 1945 се напуштаат фирмите во Лигница, Лубену и во Глогау поради протерување. |
|
|
1949: |
|
Карл-Хајнц Шолц по почнувањето на работа со метален отпад во регионот Хајлброн, се сели со семејството во местото Аален. Фирмата „C.-H. Scholz“ се сели од Глогау во Аален. На местото Добра Надеж, во Аален-Ерлау, Карл-Хајнц Шолц гради модерна фирма за промет на метален отпад. |
|
|
1963: |
|
Поради неможноста за ширење на фирмата и необезбеденото поврзување на железничкиот пат во Аален, Карл-Хајнц Шолц ја сели фирмата во место близу Есинген. Тука, покрај железничката станица, се наоѓа земјиштето во раце на фирмата заедно со приклучница за на железницата. |
|
|
1964: |
|
Берндт-Улрих Шолц влегува во командното друштво C.-H. Scholz како акционер со сопствена одговорност. |
|
|
1967-1989: |
|
Берндт-Улрих Шолц раководи со фирмата C.-H. Scholz KG во својство на член на командното друштво, со неограничена одговорност. Во почетокот на 1970-тите се развиваат извозните активности, особено со Италија. Следува бран на основање фирми, влегување во сопствеништво и преземање други фирми, како во областа на металниот отпад и металниот сектор, така и во другите области. |
|
|
1989: |
|
SСо отварањето на Исток и раните ангажирања на новиот пазар, C.-H. Scholz станува една од водечките европски трговски фирми за метал. |
|
|
1993: |
|
Оливер Шолц, син на Берндт-Улрих Шолц, станува активен член на командното друштво C.-H. Scholz. Со тоа и петтата генерација на Шолц-групацијата чекорела во матичната куќа во Есинген. |
|
|
1999: |
|
Kомандитното друштво C.-H. Scholz KG прераснува во акционерско друштво Scholz AG. |