|
|
|
|
|
|
|
|
|
Scholz AG е важен учествувач во 100% - от кружен тек од секундарни сурувини до готов производ. Бидејќи располагаме со ограничени количини на природни ресурси, рециклажата е многу важен процес и неизбежен учествувач во него. Тоа е принципот, кој ни го одредила природата. Се може разумно да се искористи. Ништо неможе да се изгуби. Со рациклажата на метал и челик нама ѓубре. Но при тоа, рециклажата не смее да биде сама на себе цел, туку мора да ги следи принципите на екологијата и економичноста.
Уште сега секој втор тон од челик се добива од метален отпад. При тоа, металниот отпад секогаш може да се искористи од почеток како суровина во челичарниците и во топилниците, без да губи од квалитетот. На тој начин, во светски размери, годишно се заштедуваат 600 милиони тони железна руда и 200 милиони тони кокс. Тоа се исклучиво големи количества суровини, кои не треба да се експлоатираат од рудниците ниту, пак, да се транспортираат. Тоа обезбедува зачувување на природните примарни суровини и штедење на енергијата.
Следува дека наша главна задача се координирано и организирано собирање и рециклирање на металот, како и на челикот и металниот отпад. Старите автомобили, апаратите за дoмаќинство, машините, индустриските станици, челичните конструкции на згради и на мостови, сето тоа ја сочинува квалитетната суровина „челичен отпад“ за понатамошна преработка. Суштината на успехот на групацијата Scholz е собирање, преработка и пласман на металниот и челичниот отпад и на металните производи. Во тој процес важен фактор е краткиот пат за транспорт и за собирање големи количества.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|