Згружуванје на отпадот Демонтираље на вагоните Преработка

Масивен отпад
Гасно сечење
Машината Шредер




Денес се поставуваат исклучиво високи барања при преработка на метален отпад. Scholz AG го гледа тоа како своја задача и во процесот на преработка користи современа машинска опрема. Во можност сме на клиентите да им понудиме услужна преработка на обоени метали во машината „Шредер“. Во машината „Шредер“ сме во можност на квалитетен начин да вршиме преработка на повеќе видови алуминиумски отпад (леен алуминиум со примеси на железо, алуминиумски садови, отпаден алуминиумски печатен лим, композитен алуминиумски отпад, отпад од алуминиумски ребрест лим), бакарен отпад и прохромски отпад. Поради постигнување подобар квалитет, така преработениот отпад од машината „Шредер“ го пропуштаме низ сепаратор или се врши рачно сортирање, за да се отстранат делови од железо или гума. Така добиениот материјал е со подобар квалитет од непреработен метален отпад. Ситнењето на обоен метал во машината „Шредер“ како услужна преработка се одвива во нашиот погон „Metall-Recycling“.